Легендарните „Вилиџ пипл“ го тужат Трамп


САД – Групата „Вилиџ пипл“ ќе го тужат американскиот претседател Доналд Трамп за незаконско користење на нивната препознатлива песна „YMCA” во неговата кампања.

Популарната диско-химна од 1978 година беше употребена во позадина на видео од изборната кампања. Продуцентската куќа Скорпио мјузик и другите сопственици на авторските права, „со изненадување ја открија оваа злоупотреба, згора на тоа за партиски и изборни цели во корист на Доналд Трамп, што тие никогаш не би го прифатиле“, како што нагласи адвокатот Ричард Малка.

Песната „YMCA”, инаку, денес се смета и за химна на геј-заедницата.

Претходно „Ролинг Стоунси“ го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.