Легендарниот фудбалер Илија Петковиќ во тешка состојба од корона вирусот


Поранешниот југословенски фудбалер и една од легендите на овие простори, Илија Петкович, веќе неколку дена е во болница во Белград поради инфекција од корона вирусот, јавуваат српските медиуми. Освен него во болница од истиот вирус е и генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Јован Шурбатовиќ.

За здравствената состојба на Шурбатовиќ нема информации, додека за Петковиќ се вели дека е во тешка состојба. Тоа го потврдија од неговиот поранешен клуб ОФК Београд. Илија Петковиќ, кој потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Белград, е во болницата на Бежаниска коса, која е претворена во ковид центар.

Во понеделникот беше објавено дека од корона вирус е заразен и селекторот на пионерската репрезентација на Србија, Мирко Буњевчевиќ.