Леди Гага ќе настапи на „Греми“ в недела

САД– Леди Гага ќе настапи на годинешните Греми награди, кои се одржуваат во недела вечер во Лас Вегас, објавија утринава Академијата за снимање и CBS. 12-кратната добитничка на Греми оваа година е во трка за уште пет награди, вклучително и две од најдобрите категории, снимка на годината и албум на годината, за нејзините дуети со Тони Бенет на песната „I Get a Kick Out of You “ и албумот од кој доаѓа, „Love for Sale“.
Албумот е втората колекција дуети од парот, кој изведе песна од првата, „Cheek to Cheek“ на Греми во 2014 година. Бенет (95) боледува од Алцхајмерова болест и не беше најавен како изведувач со Гага ; тој одржа два концерта со Гага во њујоршкиот Радио Сити Мјузик Хол во август, кои беа емитувани на специјалната програма на CBS „Еден последен пат: Вечер со Тони Бенет и Лејди Гага“ минатата година.