Леди Гага гламурозна како Адел- краси две насловници на „Вог“


САД/ Италија-Леди Гага (35) оваа година не е на една, туку на две насловници на Вог. Пред објавувањето на нејзината мошне очекуваниот филм, инспириран од вистински настан „House of Gucci”  подоцна овој месец, поп-ѕвездата ги краси ноемвриското издание на Vogue Italia и декемвриското издание на британскиот Vogue.

Изгледа ова е нова практика на „Вог“ за свртување на вниманието кон повеќе свои изданија. Пред месец дена истата практика беше и за британскиот и американски „Вог“ чии насловни страни ги красеше Адел.

За британскиот Вог, Леди Гага носеше тоалета на Скиапарели, за кој, според изданието, на креативниот директор Даниел Роузбери му беа потребни шест недели да ја дизајнира, инспириран од шишенце парфем од 1930-тите. Тоалетата се одликуваше со свилени ракави од тафта кои го врамија црниот креп-фустан од мат волна во облак од златно ламе. За да го заврши ансамблот, Леди Гага носеше накит од Tiffany & Co. и Boucheron.

За насловната страна за Vogue Italia носи розова тоалета од Валентино, која зрачи со суштината на класичното модно списание од 1960-тите à la Twiggy, со едноставна шминка.

Двете насловници се фотографирани од Стивен Мајзел, а стилизирани од главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул.

Леди Гага многу тесно соработуваше и со Розбери и со Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на Валентино оваа година, често носејќи дизајни од двете етикети. Таа носеше гардероба од Скиапарели на претседателската инаугурација на Џо Бајден во јануари, а потоа повторно во септември за време на гала-вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес на Академијата.

Леди Гага исто така беше заштитно лице на мирисот на Валентино, Voce Viva.

Во интервјута за Вог, ѕвездата разговараше за нејзината втора главна филмска улога во „“House of Gucci”  на Ридли Скот како Патриција Реџиани, поранешна сопруга на покојниот Маурицио Гучи со Џајлс Хатерсли. Драмата ги следи настаните што доведоа до и последиците од убиството на Маурицио Гучи, оркестрирано од Реџани во 1995 година.

MGM

„Поминаа три години откако почнав да го снимам филмот, и ќе бидам целосно искрена и транспарентна: живеев како [Реџиани] година и пол“, изјави Леди Гага за двете изданија на престижниот моден магазин.

„Чувствував дека можам навистина да ја оправдам оваа приказна само ако ѝ пристапам со окото на љубопитна жена која беше заинтересирана да поседува новинарски дух за да можам да читам меѓу редови што се случува во сцените на филмот“, објасни Гага. „Тоа значи дека никој немаше да ми каже која е Патриција Гучи. Дури ни Патриција Гучи“.

Иако вистинската Патриција Гучи и Леди Гага никогаш не се запознале, Патриција која живее во Милано откако беше пуштена од затвор во 2016 година по 18 години затвор за нарачката на убиството, на италијанскиот новинар претходно оваа година му кажала дека била „изнервирана“ кога слушнала дека ѕвездата ја игра без да сака да се запознае со неа“.

Минатиот месец, MGM Studios објави втор официјален трејлер и нови филмски постери пред закажаната премиера на филмот на 24 ноември. (WWD)