Леден бран се приближува до Европа: Снег ќе паѓа со часови во Велика Британија, се очекува колапс


Снежна бура се очекува денеска да ја погоди Велика Британија, а прогнозите велат дека низ Англија би можеле да наврнат 38 сантиметри снег.

Државниот хидрометеоролошки институт на Англија најавува дека во следните два дена ќе падне обилен снег кој ќе го наруши патниот и авиосообраќајот, а можно е и некои рурални области да останат без електрична енергија поради невремето. Исто така, постои можност интернет сообраќајот во некои моменти да биде отежнат или дури и оневозможен.


Според прогнозите, најлошо ќе поминат централна и северна Англија. „Скај њуз“ пишува дека метеоролозите предвидуваат дека во Јоркшир на северот на Англија снег би можел да паѓа 31 час без прекин. Метеоролозите велат и дека до петок снежна покривка ќе го покрие поголемиот дел од Англија, а споменатите тешки временски услови ќе се случат денеска околу 15 часот.

Температурата измерена во вторникот вечерта беше најниска годинава, а се очекува и понатаму да паѓаат под нулата. Во селото Кинбраис на северот на Шкотска во вторникот беа измерени минус 15,4 °C.

Портпаролката на Англискиот хидрометеоролошки институт Никол Максеј изјави дека „арктичкиот морски воздух“ се приближува кон Англија од север и дека токму тој ќе ја предизвика снежната бура што ќе ја зафати Велика Британија до крајот на неделата.


Предупредено е дека на места може да има снежна бура.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) издаде предупредување за цела Англија и ќе биде во функција до раните утрински часови во петок. Исто така, од тамошниот авто-мото клуб соопштија дека на сите патишта во деловите кои ќе бидат зафатени од зимското невреме се очекува колапс на патиштата.