ЛДП со нови потпретседатели – ќе размислува различно


Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се избрани за потпретседатели na ЛДП на денешната седница на ЦО на партијата.
Партијата ја утврди агендата за наредниот период и го промовираше новиот слоган „Размислуваме различно, либерално кон Европа”.

-Слобода, еднавкост, правда. Ова се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија. Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува – изјави Горан Милевски, претседател на партијата.