ЛДП и ДОМ со прв кандидат за градоначалник – за Гевгелија го предлагаат основачот на ВИПРО, Виктор Петков
Коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков, соопштија од партиите.
Петков е основач и генерален менаџер на ВИПРО ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук.
– Како граѓанска коалиција на ЛДП и ДОМ сметаме дека Гевгелија заслужува да има градоначалник кој ќе се грижи единствено за интересите на градот, човек кој ќе излезе од рамките на личните и партиските интереси и своето искуство и знаење, целосно ќе го насочи за поубава Гевгелија. Градоначалник, кој нема да биде партиски послушник, туку интересот на граѓаните ќе го има за свој единствен приоритет, велат од коалицијата.
Виктор Петков во досегашното негово делување и активност потврдил дека е општествено одговорен, успешен менаџер и човек кој ќе ја направи Гевгелија подобро место за живеење.
Од коалицијата додаваат дека во периодов што следи ќе ги најават и останатите кандидати за градоначалници и советници.