Лажни пријави за пожар до пожарната во Скопје
Во период кога низ Македонија и Скопје беснеат повеќе пожари, граѓани се дрзнуваат да се јават во противпожарната служба за лажно да пријават пожар.
Ова го потврдуваат од Пожарна Скопје, од каде на Фејсбук информираа дека вчера имало 29 пријави за пожари на територија на Скопје, на телефонскиот број 193.
„Во 22 пожари со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари, а седум пријави за пожар беа ЛАЖНИ“, соопштуваат пожарникарите.
Инаку, скопската противпожарна служба има екипи и во Пехчево-Берово каде со денови пожарот не може да се стави под контрола.