Лажни мини пици од компир


Ако ви е мачно да развлекувате тесто, еве полесен рецепт за лажни мини пици од компири.

Имате желба за пица, но немате време да го замесите тестото? Тогаш ова е рецепт што мора да го пробате денес. Вашето омилено италијанско јадење можете да го подготвите на многу побрз и поедноставен начин. Состојките за лажни мини пици од компир веќе ги имате дома. Можете да ги јадете во секое време од денот, како самостоен оброк или ужина со вашиот омилен филм или серија.

Состојки:

– 500 гр компири
– 200 гр шунка
– 200 гр тврдо сирење
– кечап
– маслиново масло

Подготовка:

Варете ги компирите со кора 30-45 минути. Потоа процедете ги и секој подлабоко исечете го во форма на кругови. Ставете хартија за печење на тавчето. Секој компир премачкајте го со маслиново масло, па премачкајте го со кечап, па посипете со рендано сирење и наредете ја сечканата шунка. Печете уште 10 минути.