Лаже ли Русија за заразените од коронавирус?


Русија го брани својот кредибилитет околу податоците за коронавирусот, откако Белорусија рече дека соседната земја е „запалена“ од инфекции – а ЕУ ја обвини Москва за „бесрамни лаги“.

„Причините зошто официјално потврдениот број на заразени во Русија во оваа фаза останува релативно низок може да биде од комплексен карактер“, рече портпаролот на руската амбасада на ЕУ за ЕУобсервер.„Ваквите факти не треба да бидат основа за развој на теории на заговор“, рече тој.

Состојбата според него, сепак, брзо се менува.

“Русија споделуваше ажурирани бројки со меѓународните партнери, вклучително и Светската здравствена организација (СЗО) и земјите од ЕУ, но ситуацијата брзо се менува.Во моментот кога го примив барањето на EUobserver имаше  93 случаи во Русија, но сега веќе се потврдени и официјално декларирани повеќе од 100 случаи. И оваа бројка, за жал, ќе се зголеми“, рече тој.

Русија претходно објави 93 случаи на инфекција со коронавирус и нема смртни случаи во центарот за состојбата со СЗО.Сега таа бројка е  ажурирана на 114 инфекции во вторникот и на 147 овој четврток (19 март).Само 147 потврдени случаи и нула смртност, од повеќе од 116.000 тестови за КОВИД-19 во земјата од околу 145 милиони луѓе – тоа е една од најниските стапки меѓу заразените нации во светот.

TOPSHOT – Medical staff wearing protective suits ride down an escalator at Moscow’s Sheremetyevo airport on March 18, 2020. – President Vladimir Putin on March 17 said the coronavirus situation was “under control” in Russia and outbreaks of infection had been contained. The country is closing its borders to foreigners from March 18, and cultural and sports events have been suspended. (Photo by Dimitar DILKOFF / AFP) (Photo by DIMITAR DILKOFF/AFP via Getty Images)

Сепак, за помалку од 48 часа, таа слика започна да се распаѓа, бидејќи руската влада почна да одговара на заканата од коронавирусот со затворање на нејзините граници, ограничување на воздушниот сообраќај, затворање на училиштата и најавување  на голем економски стимул откако медицински експерти почнаа да ја доведуваат во прашање официјалната статистика на Русија за коронавирус и вистинската ефикасност на одговорот за ограничување на неговото ширење.

Доколку вистинскиот обем на заразеноста од вирусот се покаже поголем од прикажаниот во официјалната статистика, тоа би значело дека руската влада ја пропуштила својата шанса да го забави пандемијата, оставајќи го пренатрупаниот  систем на здравствена заштита и ослабена економија да се справат со товарот на нова национална криза.Клучна загриженост е дека медицинскиот систем нема капацитет да се справи со претстојниот наплив на нови случаи.

Во вторникот, Путин го обиколи новиот коронавирусен информативен центар во Москва во кој се собрани високо-технолошки ресурси, вклучувајќи камери за надзор и вештачка интелигенција, за да се следат дезинформациите на  социјалните медиуми за  ширењето на болеста, за правилно расспроведување на карантини и идентификација на празните полици на супермаркетите , кои неодамна беа испразнети во поголемите градови, бидејќи Русите започнаа со складирање на стоки. По посетата, Путин рече дека оценил дека ситуацијата во земјата е „под контрола“.

„Ја спречивме масовната пенетрација на вирусот и ширењето“ на пандемијата, рече Путин за време на владиниот состанок на министрите и највисоките претставници во Москва. „Ситуацијата  генерално е под контрола и покрај високото ниво на ризик“.

И покрај ваквите јавни уверувања, Русија ги засили мерките за заштита. На странски државјани сега им е забрането да влегуваат до 1 мај, како дел од обидите да се забави ширењето на вирусот, а Москва ги забрани сите настани на отворено и ги ограничи собирањата на затворено на помалку од 50 лица. На постарите Руси им било речено да седат дома.  Училиштата сега се затворени, како и најголемите туристички атракции, додека премиерот во понеделникот најави пакет финансиска помош од 4 милијарди американски долари за да им помогне на бизнисите кои се изложени на ризик како резултат на падот на економската активност. Русија исто така ги затвори своите големи копнени граници со своите 14 соседи, а градот Москва во моментов гради две големи болници за да ги смести пациентите заразени со коронавирус.