Лазански нов амбасадор на Србија во Русија

Пратеникот на Српската напредна партија и воен коментатор, Мирослав Лазански, ќе биде нов амбасадор на Србија во Русија.

Предлогот за именување на Лазански беше усвоен на претходната седница на владата на Србија, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.

Лазански ќе го наследи Славенко Терзиќ на функцијата шеф на дипломатско-конзуларното претставништво во Москва, чиј мандат од четири години истече уште во 2017 година.

Весникот наведува дека Лазански треба да биде прв во низата кадровски промени во српската дипломатска мрежа.