Лавров ќе учествува на седницата на СБ на ОН посветена на Блиски Исток и Украина


Сергеј Лавров во Скопје (Фото: Б. Грданоски)

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска пристигна во Њујорк, каде ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на Обединети нации, посветена на Блискиот Исток и Украина.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Лавров во САД ќе престојува од 22 до 24 јануари.

Таа наведе дека Лавров во Њујорк ќе има повеќе билатерални средби.