Лавина затрупа тунел во Италија (Фото)


Во текот на раните попладневни часови, лавина затрупа тунел во италијанскиот планински регион Вале д’Аоста.

Огромна маса снег стигна до патот и целосно го блокираше влезот во тунелот.

Надлежните наведуваат дека нема жртви. Некои патишта во регионот веќе неколку часа се затворени поради снег и опасност од лавини.

„Лавината стигна до тунелот пред еден час, а патот пред половина час. Нема повредени“, изјави Франческо Валерио, градоначалник на Габи, а пренесува La Stampa.