Лавина уби двајца во Словенија, спасувач се обиде да ги извлече, настрада и тој


 

Во лавина во Словенија денеска загинаа двајца алпинисти и еден спасивач, соопштија тамошните власти.

Првите две жртви настрадале во лавината утрово н аоколу 40 км од Љубљана.

Во текот на операцијата за извлекување на телата дошло до втора лавина, која уби еден член на спасувачката екипа, а двајца се повредени.

Спасувачите се евакуирани со воен хеликоптер.