Лаура Паузини се заразила со Ковид на Евросонг во Торино


Италија–  Поп-ѕвездата Лаура Паузини (48) која во Торино заедно со Алесандро Кателан и  Мика го водеше 66. Евросонг, откри дека е позитивна на Ковид-19 и дека всушност поради тоа и се слошило за време на преносот во живо на финалето во саботата вечер.

– Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобран замор, но не било така. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот Amor a la Música на Флорида.

Паузини, за време на гласањето во Пала Олимпико одеднаш исчезна, а подоцна на социјалните мрежи објави дека и се слошило од преголем стрес. За време на финалето имаше настапи како и нејзиниот колега-водител Мика. 

Победи претставникот од Украина- Калуш Оркестра со песната „Стефанија“ , а меѓу петте финалисти се пласираа Англија, Шпанија, Шведска и Србија.