Латвија ќе руши 300 споменици кои глорифицираат тоталитарни режими


Латвија донесе закон според кој сите споменици и други објекти кои глорифицираат тоталитарни режими треба да се отстраната до 15 ноември.

Во уредбата советскиот Споменик на победата во Рига се наведува меѓу оние кои мора да се срушат, што е одобрено и до градското собрание.

Во законот се наведени поколу 300 споменици, спомен-плочи и споменични објекти во Латвија, кои го слават советскиот реќим или Црвената армија, иако ни еден не е толку контроверзен како Споменикот на победата во престолнината. Огромниот поменик во Рига се состои од 79 метри висок обелиск и неколку големи бронзени статуи, а изграден е во 1985 година по повод обележување на 40-годишнината од советската победа над Германија во Втората светска војна.

латвија била и под германска и под советска окупација во текот на Втората светска војна. По завршувањето ан војната припоена е кон Советскиот Сојуз до 1991 година. Споменикот, многумина го гледаат како повторна окупација на Латвија, а не слобода.