Марк Ентони се ожени по четврти пат – една жена му беше поп-ѕвезда, а друга Мис универзум


САД- Латино ѕвездата и добитник на „Греми“ Марк Ентони се ожени по четврти пат, повторно со убавица, овојпат, непозната за пошироката јавност, манекенката Надја Фереира. 

Двојката рече „да“ за време на церемонијата што се одржа во Уметничкиот музеј Перез во Мајами, Флорида, во саботата навечер.

На Ентони (54) и Фереира (23) им се придружија разни пријатели на познати личности, вклучувајќи ги Дејвид и Викторија Бекам, Салма Хајек, Лин Мануел Миранда и Луис Фонси, според медиумот Hola. Градоначалникот на Мајами Френсис Х. Суарез ги венча.

За нејзиниот посебен ден, Фереира носеше венчаница дизајнирана од Галија Лахав со „прекрасни детали од чипка и долга и обемна опашка“. Ентони все венча во костум на Кристијан Диор.

 

Дејвид Бекам (47) и најбогатиот Мексиканец Карлос Слим беа кумови на Ентони за време на церемонијата.

Двојката ја објави својата свршувачка во мај 2022 година.

Ентони од претходните три брака со Џенифер Лопез, Дајана Торез и Шанон де Лима има шест деца.