Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа „ЗА“ интерпелацијата на Илире Даути
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи и ќе гласа „ЗА“ интерпелацијата на Илире Даути, истакна денеска на собраниската седница пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Интерпелацијата се однесува на непостапувањето на Илире Даути како претседател на собраниската комисија за Социјална политика, демографија и млади, односно нејзиното кочење на Законот за бранители предложен од СДСМ.
– Немате никакво право да не давате да зборува пратеник, да не дозволувате да се стави на дневен ред точка, тоа е преседан, истакна Ласовска за време на нејзиниот говор, обраќајќи ѝ се на пратеничката Даути од Европскиот фронт.
Претодно СДСМ истакна дека нема да ги поддржи денешните интерпелации и ја напушти собраниската сала.