Лашана Линч е новиот агент 007 во новиот филм за Џејмс Бонд


Англија– Откако актерот Даниел Крег (51) потврди дека ќе го игра Џејмс Бонд, се дискутираше дали следниот агент 007 ќе биде жена или актер од црната раса. Според „Дејли мејл”, станува збор за двете.

Една од главните улоги ја доби Лашана Линч (31), која ќе биде агент 007 додека пензионираниот Џејмс Бонд одмора на Јамајка.

-Бонд е сè уште Бонд, но како 007 го замени прекрасна жена. Бонд го привлекува новата агентка 007 и се обидува да ја заведе, но е збунет затоа што таа не реагира на неговите трикови, туку само ги превртува очите и не е заинтересирана за него. Најмалку не на почетокот, открива извор од снимањето за странските медиуми.

Во новиот филм „Бонд девојки” се преименувани во „Бонд жени” и многу се разговарало за тоа дали Бонд сега е релевантен, особено поради неговиот пристап кон жените.

-Апсолутно е релевантен. Франшизата само требаше да „порасне“. Треба да се развива и од суштинско значење е филмот да ги третира жените на достоен начин. Тој не мора. Тој мора да остане верен на неговиот карактер“ вели изворот.