Лара, Ирина и Јован ја имаа првата проба на Јуниорскиот евросонг во Ереван


Полни со енергија, насмеани и весели Лара, Ирина и Јован заедно со танчарките Александра и Мила, ја имаа првата проба на импресивната евровизиска сцена во Ерменија.

Задоволни и возбудени со нетрпение го очекуваат стартот на спектакуларното шоу кое ќе се одржи на 11 декември во Ереван, а гледачите на Македонската телевизија ќе го можат да го следат настанот во живо со почеток од 16 часот.

На годинашното 20-то јубилејно издание ќе настапат вкупно 16 земји-учеснички. Лара, Јован и Ирина настапуваат 10-ти по ред.

Нашите претставници ќе настапат со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.