Лани стапката на сиромаштија 21,9 отсто, нееднаквоста во распределбата на приходите 30,8 отсто

Стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија во 2019 година изнесуваше 21,9 отсто, информира Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца лани изнесувала 19,5 отсто, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8, а стапката на сиромашни пензионери е 7,8 отсто.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30,8 отсто.