Лани дипломирале 7.612 студенти, дури 27,3 отсто во областите бизнис, администрација и право


На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите,  минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување за 8,4 отсто во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27,3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право. 

Од вкупниот број дипломирани студенти, 5.677, односно 74,6  проценти се редовни, а 1.935, односно 25,4 отсто се вонредни студенти, а дипломирани студентки се 59,6 проценти.

Притоа,  28,3 отсто дипломирале во рокот, а 71,7 проценти по рокот.