Ландсбергис: Никој не се плаши од реакцијата на Запад


Шефот на дипломатијата на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, напиша на Твитер дека 
Иран испорачува балистички ракети на Русија и дека тоа е уште еден знак дека „нема страв од западната реакција, нема желба за дипломатија и нема намера да запре ескалацијата“.

„Ова треба да биде последниот клинец во ковчегот на пoмирувањето, ако лекциите од Втората светска војна веќе не се доволни“, напиша Ландсбергис, кој подолг период изразува разочараност од воздржаноста на западните земји членки на НАТО да ја поддржат помасивно Украина.  

То смета дека очигледниот одговор би бил санкции за извоз во Иран на сите компоненти на беспилотни летала и ракети и брза испорака на ракетите што Украина ги бараше.