Лампард: На сите ни недостасува фудбал, но здравјето сега е поважно

Англија– Тренерот на Челзи, Френк Лампард, рече дека му недостасува фудбалот, но во ситуација на пандемија апелира да се почитуваат препораките на надлежните.

– Сè уште не знаеме кога натпреварите ќе продолжат, но во моментот ова не е нештото за што треба да се грижите. На сите ни недостасува фудбал, но сега здравјето е поважно и треба да се однесуваме одговорно. Сигурен сум дека не сум единствениот што се чувствував многу чудно без фудбал овој викенд, изјави Лампард.

Би сакал да истакнам дека не сум експерт по медицина, особено во тешки ситуации како што е ова, но ве молам одвојте време за постари роднини и за сите кои можат да бидат ранливи во ситуацијата со вирусот и кои сега можеби ќе останат целосно сами. Одете кај нив и помогнете им во набавките ако не можат да излезат. Дозволете ни сите да се грижиме едни за други. Во ситуацијата многумина може да се чувствуваат изолирани. Но, имаме можност да продолжиме да се поддржуваме едни со други дури и на далечина, додаде англсикиот фудбалски стручњак.