Лампард чести: играчите му испија 3.500 евра


Дерби Каунти влезе во финалето на доигрувањето за влез во Премиер лигата по лудиот натпревар и победата над Лидс со 4-2. Како што прилега, после натпреварот отидоа да ја прослават победата во еден паб каде Френк Лампард одлучи да ги награди играчите поради сјајните игри низ целата сезона.

До мечот против Астон Фила на Вембли има уште десет дена, па шефот им допушти на играчите да се опуштат пред најважниот натпревар во сезоната. И тие се опуштија и тоа како. Легендата на Челзи ги честеше играчите цела ноќ и потрошил околу 3.500 евра.

Се пиело сѐ и сешто, од пиво, вотки и текили, Френк не жалеше пари. Вкупно се испиле 209 пива, 75 јегери, 65 вотки, 54 чаши самбука, 38 текили и 29 виски.

Самиот паб каде што беа фудбалерите објави снимка од лудиот провод, а особено весел беше самиот тренер, кому ова му е прв професионален договор во кариерата.

Сега следуваат жестоки подготовки за мечот со Астон Вила, каде тренер е уште едно прославено име на Челзи – Џон Тери. Победникот ќе се пласира во Премиер лигата. Доколку Дерби влезе во елитата, од старт ќе добие 170 милиони фунти плус пари од тв-правата.