Ламбе настапи како политичар, го запали францускиот предлог


Пејачот Ламбе Алабаковски, кој направи инидент неодамна со Културниот клуб „Ванчо михајлов“,  пееше и се обрати на протестот пред Владата. Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам. 

„Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот, иако такви етикети доби од Бугарија а не од тука.  

Веќе трет ден има протести и граѓаните бараат власта да го отфрли францускиот предлог, кој за нив е уцена од Бугарија.  Алабаковски беше притворен, но потоа му беше одземен пасошот. Тој на протестот му се заблагодари на народот за поддршката.