Ламбе Алабаковски префрлен во домашен притвор


Ламбе Алабаковски
 
БИТОЛА – „Независен“ од полициски извори дознава дека Ламбе Алабаковски од денеска попладнето е во домашен притвор. Некаде пред 18 часот Алабаковски е пуштен од притворското одделение од затворот „Црн Мост“ во Битола и сега е меѓу своите. Судот ја уважи жалбата на адвокатите на Алабаковски и ја преиначи пресудата од осумдневен ефективен притвор во домашен притвор. Од полициски извори дознаваме дека неговиот дом веќе е под полициско обезбедување и него ќе го контролира СВР Битола. 
Алабаковски од вторникот вечерта беше во затворот „Црн Мост“ откако претходно призна дека ја потпалил вратат на бугарскиот клуб во Битола.  (А.Б.)