„Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром


Од денеска заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ ќе почне со стратешко заловување во општина Аеродром.

Тимот на заловувачи оваа недела, од 17 до 21 јули, ќе заловува во општина Аеродром, и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, „Тодор Чангов“, населбата Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, „Бисер“, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман, известија од „Лајка“.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче, кое сакаат да им го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859/071 219 925 или нека пријават на [email protected]