Лајен твитна на македонски


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, твитна на македонски јазик за потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс.

 

Лајен денес ќе ја посети Тирана, како втора станица на нејзината турнеја низ регионот. Синоќа таа имала организирана вечера од страна на претседателот Стево Пендаровски на која присуствувал целиот државен врв. Според фотографијата што ја објави претседателот на парламентот, Талат Џафери, вечерата се одржала во резиденцијата на шефот на државата на Водно.