Лајен го поздрави поднесувањето на уставните измени: Северна Македонија припаѓа во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен го поздрави поднесувањето уставните измени: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, напиша таа во објава на Твитер.
Good exchange with PM @DKovachevski.
I welcomed his government’s tabling of the Constitutional amendments in Parliament. I hope all parties will support it, to move forward on North Macedonia’s European path.
North Macedonia belongs in the EU. pic.twitter.com/pH2LMcjZCO
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 21, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски , кој учествува на неформалниот состанок,порача дека кај нас сè уште има политичари, како што имало во минатото, кои не сакаат да се донесе таква одлука и велат дека треба да се чека.
„Лидерот на опозицијата дури изјави дека е подготвен да чека и 10 и 20 итн. години. Најдобра потврда како изгледа чекање и седење во чекална е токму овој состанок овде. Солунскиот состанок се одржа пред точно 20 години. На него дел од Западен Балкан беше Хрватска. Денес Хрватска е членка на ЕУ, членка на Шенген и земја во која платежно средство е еврото, а ние сè уште имаме политичари кои велат дека треба да се чека. Пред 20 години, претставници на Македонија овде беа Бранко Црвенковски и сега веќе покојната Илинка Митрева и ова е најдобро место од каде треба да се испрати порака дека неносењето одлуки, немањето храброст и немањето одлучност нема да ја помрдне земјата ниту еден милиметар“, вели премиерот Ковачевски.
Доколку не носиме одлуки и имаме политичари кои велат дека треба да се чека, според Ковачевски, земјата ризикува да заостане во евроинтегративниот процес и да се најде во друштво на Босна и Херцеговина и Косово.
„Ќе се случи и Црна Гора и Албанија да отидат пред нас и на крај единствено ќе останеме во друштвото на Босна и Херцеговина и Косово. Северна Македонија не смее да остане во друштво на Босна и Херцеговина и Косово, тоа се држави кои имаат проблеми во дефинирањето на државите сè уште и нашите деца не заслужуваат да бидат во тоа друштво во поглед на европските интеграции. Затоа одлуките ни се потребни сега, заради иднината и на сегашните и на идните генерации“, смета Ковачевски.
На прашањето дали постои план „Б“, бидејќи опозицијата цврсто стои на ставот дека нема да поддржи уставни измени, Ковачевски без прецизен одговор. Во контекст на прашањето, тој се осврна на придобивките од членството на Македонија во НАТО, потсетувајќи дека опозицијата беше и против одлуките кои се донесоа за земјата да стане членка на одбранбениот сојуз.
„Таа опозиција беше и против одлуките во однос на зачленувањето во НАТО и ние денес гледаме колку беа значајни одлуките коишто се донесоа за зачленувањето во НАТО. Благодарение на тие одлуки Северна Македонија е членка на најголемиот одбранбен воен сојуз во светот и тоа особено се гледа во услови кога во Европа има војна…Единаесет години чекавме наместо да го решиме спорот со Грција, ние го одложувавме и на крај беше решен со полошо решение од тоа што можеше да биде решение во 2008 година. И сега не е различно. Имаме јасна Преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, заштитен македонски идентитет, со билатералните прашања надвор од критериумите за пристапување во ЕУ, веќе се привршува и скринингот во најголемиот дел од поглавјата, извештаите веќе се подготвуваат и останува на политичкото водство и на сите други актери во општеството да се направата потребните реформи со кои државата ќе стане најдобро место за живеење за македонските граѓани…а не да купуваат пасоши од туѓи држави и да одат да работат во Германија, Италија, Франција само заради тоа што тие држави се членки на Европската Унија“, вели Ковачевски во интервјуто за МИА.