Лајчак: Брисел да ги исполни ветувањата и почне преговори за членство со Скопје и со Тирана


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово.

-Целосно се согласувам со вашата проценка, објави Лајчак на Твитер.

Неговиот твит е реакција на објава на Михаел Рот, државниот секретар за Европа во германското МНР кој претходно напиша дека ЕУ мора „да ги исполни своите ветувања: почеток на пристапните преговори со Албанија, Северна Македонија, визна либерализација за Косово“