Лагард: Со демонстрирањето солидарност, им служиме на сопствените интереси

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика европските земји да се обединат во одговорот на кризата предизвикана од новиот корова вирус, со буџетски мерки.

Лагард го упати апелот во време кога европските лидери не успеваат да се договорат за начините за решавање на економските проблеми предизвикани од пандемијата.

„Од витално значење е фискалните мерки преземени како одговор на оваа криза да бидат доволно силни во целата ЕУ“, се вели во отвореното писмо на Лагард, објавено во повеќе европски весници. Таа побара националните влади да се поддржат едни други, посочувајќи дека економските и финансиските врски значат дека ниту една држава не може да ја избегне штетата само затоа што се случила на друго место во Европската унија.

– Доколку не се излекуваат сите држави, останатите ќе страдаат, вели Лагард и дополнува: Солидарноста, всушност, претставува сопствен интерес.