„Квантас“ бара менаџерите да носат багаж низ аеродромите


Австралискиот авиопревозник „Квантас“ побара од вработените во топ-менаџментот да работат три месеци како „ракувачи со багаж“.

Имено, компанијата се обидува да се избори со акутниот недостаток на работна сила.

Шефот за операција на компанијата бара најмалку 100 волонтери за работа на аеродромите во Сиднеј и мелбурн, а задачите вклучуваат утовар и истовар на куфери, како и возење на возила за преместување багаж по аеродромите, пренесе Би-би-си.

Како и многу светски авио-компании, и „Квантас“ се бори да ги обнови своите услуги во полн капацитет напоредно со отворање на границите.

„Зголемениот број новозаразени со корона вирусот во зимскиот период, пораст на бројот на заболени од Ковид-19 во целата заедница, заедно со постојаните флуктуации на пазарот на труд, се предизвици за пронаоѓање на работна сила во нашата индустрија“, вели директорот за операции во „Квантас“ Колин Хјуз во меил упатен до Би-би-си.