Кузеска: „Под радарот“ течат матни зделки на Мицкоски со стратешките ресурси
-Мицкоски вели дека се ќе биде транстапрентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори. Со кого се договара Мицкоски „под радарот“, како што вели, никој не знае. Имиња не се објавуваат.
На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија? Колку ќе ги чини тоа граѓаните? Пари, вода, плодно земјиште?
Граѓаните не знаат ништо. Мицкоски работи „под радарот“. Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда, обвинува портпаролката Богданка Кузеска од СДСМ.
Според неа, тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија се класична лага.Прашува, што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?
„Апсолутно ништо.Станува збор за две сосема различни работи.ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии.Ова , е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.
Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот “да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија“, посочува Кузеска.