Курти под притисок: Барања во ЕУ да се укинат визната либерализација и ИПА фондовите за Косово


Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрли барањата на американскиот амбасадор за решавање на конфликтот во северниот дел на Косово и спомена нови избори како можно решение. Тој навести дека мандатот на новоизбраните општинските претседатели на северот може да траат многу пократко отколку што треба.

 Курти на форумот ГЛОБСЕК во Словачка рече дека не може да бара од новите
градоначалниците да не одат на работа и дека специјалните единици на косовската полиција ќе
се повлекуваат само кога ќе се повлечат Србите кои протестираат, кои тој ги нарече толпа.
Косовскиот премиер призна дека новите градоначалници немаат целосен политички легитимитет, но додаде дека мора да има законитост и уставност и повтори дека општинската
зградите се „сопственост на Косово“, пренесе „КоССев“.

Курти рече дека ако им нареди на градоначалниците да не доаѓаат во општинските згради, ќе дојде до „продолжување на создавањето паралелни структури, копирање на српскиот метод
на паралелни структури и приклучување кон нивната незаконитост“. „Не можам да го сторам тоа“,уште еднаш нагласи тој.

Косовскиот премиер постојано споменуваше предвремени избори како можност.

„Ако сакаат мирни протести со барање предвремени избори, имаат премиер,
кој цел живот е политички активист и е повеќе од подготвен да ги сослуша и
можеби дури и да постигне договор со нив“, рече Курти.

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Арбен
Гаши оцени дека американските санкции кон Косово, по тензичната ситуација на северот, се
„исклучително опасни“ и дека однесувањето на Албин Курти е „арогантно и неразумно“.
„Косово во никој случај не треба да се соочи со американски санкции“, рече Гаши.

„Ситуацијата низ која поминува земјата е крајно деликатна, така што не можеме
да се однесуваме како ништо да не се случува“, рече тој и додаде дека она што „се гледа
деновиве во северниот дел на земјата е исклучително чувствително“ и дека „се неопходни
свест, политичкото однесување и постапки кои се во интерес на државата“. Според неговите зборови, Курти во моментов е арогантен и неразумен „особено со изјавите.
што им ги упати на највисоките функционери на земјите партнери“.

„На Косово не му треба таков премиер, вакво однесување со меѓународните партнери, Денес повеќе од кога било ни треба внатрешно единство и постојана меѓународна соработка“, рече Гаши.

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, во објава на 
Твитер напиша дека три земји членки на ЕУ инсистираат на суспензија на
безвизниот режим за Косово. Селими на Твитер прецизираше дека трите земји размислуваат да побараат суспензија на средствата од ИПА фондовите  и на визната либерализација за Косово поради ескалацијата на ситуацијата и потезите што ги сметаат за  драстични и неприфатливи.