Курц во потрага по коалициски партнери
Себастијан Курц се врати, тоа е многу јасно.
Неговата Австриска народна партија (АВП) на предвремените избори во неделата постигна нешто повисок резултат од очекуваниот, 37,1 отсто, според првичните резултати, со што поранешниот канцелар пак ќе биде на чело на земјата, четири месеци откако беше соборен.
Она што е далеку помалку сигурно е со која партија Курц ќе се здружи за својот втор мандат – и, според коалицијата, во која политичка насока ќе ја води својата земја.
Се проценува дека тој ќе има 71 место во парламентот од 183 пратеници, па на Народната партија мора да влезе во коалиција за да формира мнозинство.
Од една страна, Курц е растргнат за изборот: тој има можност да работи со социјалдемократите, Зелените или уште еднаш со екстремнодесничарската Партија на слободата – неговите поранешни партнери во коалицијата.
Од друга страна, никој од тие не може да биде оној што го посакува Курц. За време на кампањата, 33-годишниот лидер истакна дека сака „правилна централнодесничарска политика“ за својата земја, што може да биде тешко и со социјалдемократите и со Зелените. Во исто време, влегувањето во коалиција со екстремната десница, друг чекор може да биде ризичен потег.
Неговиот претходен обид да владее со Партијата на слободата заврши со спектакуларен распад по аферата „Ибица“ непосредно пред годинашните европски избори. Снимките покажаа како тогашниот лидер на екстремната десница, Хајнц-Кристијан Штрахе, се обидува да тргува со профитабилни договори на владата за поддршка на кампањата од жена за која верува дека е богата Русинка.
Курц ги исклучи нив од владата, а Партијата на слободата тогаш се здружи со социјалдемократите за да го соборат во иницијатива за недоверба – претворајќи го Курц од прославен вундеркинд на европскиот конзервативизам во канцелар со најкус рок во Австрија, само 18 месеци. Потоа, технократската привремена влада ја презеде власта.
Аферата „Ибица“ не ја намали поддршката на Народната партија. Ниту, пак, серија обвинувања за лошо работење во текот на кампањата, наводи што се движеа од уништување на тврди дискови до креативно сметководство и скриени донации. (Партијата негира какво било дело.)
Во неделата Народната партија ги надмина и резултатите од изборите во Европа и проценките на анкетите, што ја стави на околу 34 проценти, поради што изборниот штаб на партијата еруптираше во радосен аплауз и скандирања на „канцелар Курц“ по објавувањето на првите излезни анкети.
„Прерадосен сум, речиси сум без зборови“, им рече Курц на своите приврзаници во неделата вечер. „Поминаа тешки четири месеци, но денес луѓето гласаа за да нè поддржат “.
Партијата на слободата, од друга страна, претрпе големи загуби – освојувајќи 16,1 отсто од гласовите, што е намалување од 26 проценти во 2017 година и 17 проценти на европските избори, паѓајќи на третото место зад социјалдемократите.
Таа загуба ги поттикна некои екстремно десничарски лидери да ја променат мелодијата. Партијата на слободата помина голем дел од својата кампања правејќи додворувања кон Курц, со надеж дека ќе го убедат да се вратат заедно – во едно бизарно видео за кампања е прикажан Норберт Хофер, кој го презеде лидерството на Партијата на слободата по оставката на Штрахе, како е на терапија со Курц.
Во неделата, сепак, високи членови на Партијата на слободата посочија дека претпочитаат опозициските клупи. Хофер рече дека 16 проценти „немаат мандат за прогресивен влез во разговорите за коалицијата“. Заменик-лидерот Херберт Кикл рече дека резултатот значи дека партијата нема да има доволно влијание во рамките на коалицијата и дека нејзиниот „мандат“ треба да биде во опозиција.
Курц, во меѓувреме, одби да ја отфрли можноста за која било коалиција.
Новата коалиција со Партијата на слободата ќе донесе ризици. Екстремнодесничарската партија е, на пример, веќе зафатена во друг скандал во врска со Штрахе, овој пат поради дарежливи и наводно измамнички трошоци. (Штрахе негира какво било дело)
Но, според истражувањето нарачано од јавниот радиодифузер ОРФ, гласачите на Народната партија попрва би сакале да се здружат во коалиција со Партијата на слободата отколку со Зелените или социјалдемократите. Нивниот фаворизиран коалициски партнер, либералниот Неос, освои само 7,8 проценти, со што двопартиска коалиција е бројчано невозможна.
Социјалдемократите – кои во неделата освоија 21,7 отсто, најлош резултат во повоената историја на партијата – владееја со Народната партија до 2017 година, кога Курц стана лидер на партијата и одлучи да ја прекине коалицијата. Ниту една од партиите не експлицитно ја отфрли „големата коалиција“ помеѓу центарот од десната и левата страна, но скептицизмот околу таков сојуз се појавува од обете страни.
Австриските зелени, во меѓувреме, го прославија враќањето во парламентот, откако не успеаја да го преминат прагот на потребните гласови во 2017 поради поделбата во партијата. Поттикнати од зголемената загриженост за климатските промени, тие го постигнаа својот најдобар резултат досега со 14 проценти.
Потенцијалната двопартиска коалиција во која учествуваат Зелените стана опција за изненадување во неделата. Трипартиска коалиција на Народната партија, Зелените и Неос сега е помалку веројатно, со оглед на тоа дека либералите не се потребни за да се формира мнозинство.
Ако Курц се реши за центристичка алијанса или ако Партијата на слободата остане на својот збор и се одлучи за опозициските клупи, Австрија би можела да се соочи со долги разговори за коалиција бидејќи Народната партија се обидува да најде заедничка основа со една од левичарските партии.
Зиги Маурер, политичарка од Зелените, за австриските медиуми изјави дека Народната партија ќе мора да претрпи „целосна промена“ за остварлива коалиција со нејзината партија. Но, таа додаде дека Зелените „нема да бегаат од разговорите – ние ќе ги бараме“.
Коалицијата со социјалдемократите е математички можна, но мала е веројатноста под нивното сегашно раководство.
Курц ги држи картите близу до градите, повторувајќи ја својата мантра дека ќе разговара со сите други партии во парламентот за да побара стабилна коалиција.
Во интервјуто за радиодифузерот ОРФ, објавено во понеделникот, тој рече дека неговите приоритети вклучуваат поттикнување на економскиот раст. (Политико)