Курц: Секој ден на пандемија значи мртви и економска штета


Канцеларот Себастијан Курц ги најавува мерките на прес-конференција во саботата (Фото: ЕПА)

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека е многу важно ЕУ што е можно поскоро да почне со вакцинација против коронавирусот.

– Секој ден на пандемија во Европа значи илјадници мртви, голема економска штета и многу луѓе кои мора да се плашат за своите работни места, рече Курц пред Самитот на ЕУ.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе почне вакцинацијата во ЕУ, што ќе биде една од главните теми на Самитот.

Курц и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за многу успешниот европски процес на набавка на вакцината.

Тој исто така и честиташе на Велика Британија за почетокот на вакцинацијата.

– Се надевам дека Европската агенција за лекови брзо и небирократски ќе ја одобри првата вакцина во согласност со сите научни стандарди, нагласи австрискиот канцелар.