Куомо нареди да се затворат училиштата во Њујорк


 

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, нареди денеска да се затворат сите училишта и неколку „жешки точки“ ширум државата, поради корона вирусот.

Училиштата ќе бидат затворени и во градските квартови на Њујорк, Бруклин и Квинс.

„Нема да препорачам, ниту да дозволам кое и да е њујоршко семејство да го прати детето во училиште, во кое јас не би го пратил своето“, рече во понеделник Куомо на прес-конференција за новинарите, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека државата ќе го преземе извршувањето на држењето социјална дистанца од локалните власти во жаритата на корона ворусот.

Куомо наведе и дека е загрижен за порастот на случаите со корона вирус во Рокланд и Оранџ, окрузи северно од Њујорк.