Куомо короната ја нарече „европски вирус“

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот третман на кризата со пандемијата, коронавирусот го нарече „европски вирус“.

Тој кажа дека владата не може да ја одбрани земјата од вирусот, а додаде дека таа не го ни предвидела.

-Овој европски вирус го зарази североисток, додека Белата куќа и натаму беше фокусирана на Кина, кажа Куомо.

„Актуелната влада е дисфункционална и некомпетентна“, рече Куомо на седница на демократите.