Куманово , Скопје и Битола синоќа се гушеа

Куманово , Скопје и Битола синоќа се гушеа. Мерните станици покажуваа нивоа на загаденост дури шест пати над дозволеното ниво а утринава ситуацијата е малку подобра. Сепак, загадувањето кое утрово во главниот град е над дозволената граница во повеќе општини. Најзагадено е во Ѓорче Петров со 84 микрограми ПМ 10 честички на м3, а веднаш зад него е Ректорат со 80.

Во моментов двапати над дозволеното ниво е загдено во Битола, Кочани, делови од Скопје, но и Куманово и Тетово.

Со доаѓањето на декември стана се позагадено. Се протестираше за чист воздух, а надлежните ги прифатија сите барања на зелената револуција.