Кумановци во Охрид ќе продавале хероин, полицијата ги откри


 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(33) и А.М.(41), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во стан на булевар „Туристичка“, изнајмен од пријавените, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, подготвени за натамошна продажба на наркозависници.