Кумановци бараат кафулињата да работат во недела


Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, смета дека Валдата и Комисијата за заштита од заразни болести, треба да го изземат Куманово од мерката воведување неработен ден недела за угостителските објекти. 

 

Од таму сметаат дека со почитување на мерките како држење дистанца и носење маски граѓаните се доволно заштитени, а ако се заворат угостителските објекти младите би се собирале во паркови, на детски игралишта и би организиарале забави во приватни куќи, што според нив е поголем ризик за пренесување на заразата.

– Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид кризата и најавата за прогласување на денот недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на РСМ од оваа мерка да се изземе Општина Куманово.  ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби.

Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата – сстои во заклучокот од сстанокот на Општинскиот штаб. 

Истовременопо, апелираат до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца. Во спротивно, истите претставуваат голем потенцијален ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи.

Информираат дека до денеска  во Куманово, Ковид-19 е регистриран кај 1.473 лица, вкупно оздравени се 1.164, починале 49 лица, а активни се 260.

Од предходните податоци евидентно е дека епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е сериозна и бараме и апелираме до граѓаните да се почитуваат сите мерки донесени од Влада на РСМ и Комисијата за заразни болести – велат од општинскиот штаб.