Културен настан „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”


По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, Министерството за култура организира прослава „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”.

Настанот ќе се одржи на 18 октомври (понеделник) во 20 часот во дворот на Министерството за култура.

Настанот и бројот на гостите ќе биде во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.