Култниот моден бренд „Гучи“ прифати плаќање со криптовалути


 

„Гучи“ е првиот моден бренд кој прифати некој облик на криптоплаќање.

Култниот италијански моден бренд неделава најави дека ќе ги прошири своите можности за плаќање за да се вклучи ApeCoin (APE) кој е поврзан со Bored Ape Yacht клубот, но само по пат на BitPay.

Со други зборови, „Гучи“ ќе ви овозможи да го ликвидирате својот APE за американски долари и да го потрошите приходот во нивните продвници.

Со тоа „Гучи“ официјално стана првиот голем моден бренд кој прифаќа APE плаќања по пат на Bitpay.

Овој потег следи по неколку месеци откако „Гучи“ најави дека ќе прифати 12 криптосредства како плаќање во повече од северноамерикански продавници, пишува SEEBiz.

Оние кои поседуваат биткоин, етериум, доџкоин и други криптовалути, сега може да го претворат својот дигитален имот, да речеме во торба од „Гучи“ во вредност од 5.000 долари.