Кучињата можат да плачат кога сопствениците ќе дојдат дома, покажа една студија


 

Кучињата можеби ќе бидат вистински воодушевени кога ќе ги видат своите човечки придружници по долг период на отсуство, велат јапонските истражувачи.

Се верува дека солзите ја продлабочуваат врската помеѓу кучињата и нивните сопственици.

Студијата, заснована на однесувањето на 22 кучиња, ги разгледувала реакциите на кучињата кои биле повторно обединети со нивните сопственици и со други луѓе што ги познавале.

За да ја тестираат својата теорија, академиците од Универзитетот Азабу и Медицинскиот универзитет Џичи ставија ленти хартија под очите на кучињата за време на нормалната интеракција со нивните сопственици и една минута пред тие повторно да бидат заедно со нив по пет до седум часа разделување.

Тие откриле дека кога кучињата ги виделе своите сопственици, тоа било единствениот пат кога лееле солзи. Немаше исто ниво на зголемено производство на солза кога кучињата беа повторно обединети со луѓето со кои беа запознаени, но не беа нивни сопственици.

За да видат дали солзите се поврзани со нивните емоции, истражувачите примениле раствор кој содржи окситоцин, клучен хормон вклучен во поврзувањето, на кучињата.

Откако го користеле хормонот, откриле дека солзите на кучињата значително се зголемиле.

Иако е познато дека кучињата плачат за да ги одржат чисти нивните канали за солза, тоа претходно не било поврзано со нивната емоционална реакција.

„Никогаш не сме слушнале за откритието дека животните леат солзи во радосни ситуации, како што е повторното обединување со нивните сопственици“, рече Такефуми Кикусуи, еден од авторите на студијата во списанието Current Biology.

Иако на сопствениците им е попознато мафтањето со опашката или лижењето на лицето од нивните екстатични миленици, солзите на кучето можат да влијаат и на нивниот човечки придружник.

Погледот на кучето го стимулира лачењето на окситоцин, што ги прави сопствениците да го негуваат или да го заштитуваат својот миленик.

Научниците исто така откриле дека сопствениците чувствувале поголема желба да се грижат за своите животни кога ги виделе со насолзени очи.

„Нивните солзи може да играат улога во продлабочувањето на меѓусебните односи и дополнително да доведат до поврзување меѓу видовите“, напишаа истражувачите. (Би-Би-Си)