Кучињата можат да го намирисаат корона вирусот

Првите испитувања во Финска ги изненадија научниците – кучињата брзо научија да го намирисаат корона вирусот. Како омилените животни може да помогнат против пандемијата?
Успехот бил восхитувачки – по само неколку седмици тренинг, кучињата речиси без грешка можеле да разликуваат мирис на урина од пациенти заразени со корона вирус.
„Беше фантастично да се види колку брзо научија да го препознаваат новиот мирис“, вели Ана Хилм-Бјеркман од Универзитетот цо Хелсинки каде е спроведена оваа пилот-студија.
Финските стручњаци објавија дека кучињата идентификуваат „мирис на корона“ еднакво задоволително како и стандардните ПЦР тестови кои се применуваат секаде во светот. На ред се дополнителни студии, и ако се биде во ред, ќе се применат во пракса. Слични обуки на кучиња се вршат и во Велика Британија и Франција.
Се уште не е јасно која супстанција ѝ дава на урината карактеристичен мирис. Корона вирусот покрај тоа што ги напаѓа белите дробови, ги напаѓа и бубрезите со што го менува мирисот на урината, пишува Дојче веле.
Кучињата бараат само еден мирис
Кучињата како детектори на болести не е ништо ново. Долго се знае дека може да помогнат во рано откривање разни типови тумори или Паркинсонова болест, пред да може да ги открие кој и да е лекар.
Кучињата имаат милиони пати подобро чувство за мирис, па така додека човекот има пет милиони ќелии за мирис, кучињата имаат од 125 до 220 милиони. Исто така, тие вдишуваат 300 пати во една минута.
Најпогодни раси за ваков тренинг се лабрадорите и другите ретривери. На тренингот кучето се вежба да распознава еден мирис, дрога, оружје, пари или некоја болест.
Тренингот е класичен. Кога ќе се приближи до садот со пот од човек со одредена болест, кучето се наградува со храна. така, секој нареден пат ќе го бара тој мирис.
Помош на аеродроми?
Иако кучињата се познати детектори за болести, сепак најмногу нив ги користи полицијата и војската, додека класичните медицинари не се потпираат на сетилото за мирис кај кучињата.

Сепак, ако се потврдат наодите од Финска, кучињата ќе можат да помогнат во аеродроми или на стадиони, каде луѓето во ред чекаат за влез. Кучето може со сигурност да ги пронајде оние кои се заразни, а тогаш тие ќе бидат тестирани.
Исто така, кучињата би можеле да ги надушкаат зградите кои долго биле затворени поради пандемијата, како старечки домови или болници, а при тоа и дезинфицирани. Тие ќе може да се отворат откако кучето ќе даде зелено светло.