Кубанец со земјоделски авион слета на Флорида: Ни еден радар не го виде


 

Кубанскиот пилот Рубен Мартинез слета во петокот во 11.30 часот по локално време на школскиот аеродром недалеку од Мајами. Мартинез во САД долета во стар советски земјоделски авион „Антонов АН-2“ со кој полетал од Санкто Сииритус и до околината на Мајами му требало време од еден час.

Мартинез, инаку 29-годишен цивилен пилот на кубанската национална авиокомпанија, дошол во САД во потрега по азил поради сѐ потешката економска ситуација во неговата земја. Задржан е на испитување и уште не се знае дали Америка ќе му одобри останување на нејзина територија.

Никому не му е јасно како радарите не го воочиле

Мартинез при слетувањето направил селфи пред авионот, а американската гранична полиција истражува како е можно ни еден воен или цивилен радар да не го забележал авионот и не ги известил надлежните. Авионот е виден дури откако слетал на пистата.

Сѐ повеќе пребегнувања од Куба во САД

Американската гранична полиција во последно време има многу проблеми со кубанските имигранти кои на сите можни начини се обидуваат да дојдат до САД, користејќи секакви превозни средства од кои некои се распаѓаат на пат до САД, но многу од нив и стигнуваат до брегот на Америка.

До 2017 госина на сила беше ткн. „”wet feet, dry feet” закон кој на кубанските држајвани им овозможуваше да побараат политички азил, а подоцна и државјанство ако по морски пат стигнат до американска територија. Тој закон во 2017 година беше укинат од Барак Обама.