„Крвта е уште свежа. Сними ги сите“: Жесток напад на Пригожин на генералите на Кремљ


 

Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ започна вербален напад на функционери на Кремљ во новото видео во кое тој се појавува покрај, како што вели, телата на неговите платеници убиени во борбите во Украина.

„Овие момци овде се [мажите] на ‘Вагнер’ кои починаа денес. Крвта е уште свежа. Сними ги сите!“, вели Евгениј Пригожин во видеото објавено на социјалните мрежи.

Пригожин минатиот месец се закани дека ќе ги повлече своите платеници од Бахмут доколку не добијат повеќе муниција за да ја продолжат борбата.

Во новото видео, тој го повтори својот повик за муниција, повикувајќи ги рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги погледнат телата.

„Тоа се нечии татковци и нечии синови. А вие љубителите што не [ни давате] муниција, бедници, ќе ви ги изедат цревата во пеколот!“, вели Пригожин во видеото. „Седите таму во вашите луксузни клубови, вашите деца се зависни од снимање клипови за Јутјуб. Мислите дека сте господари на овој живот? Мислите дека можете да располагате со нивните животи? Ако имате магацини полни со муниција, тогаш направете го тоа“.

Пригожин, чии сили одиграа клучна улога во руските напади на украинска територија, често се судира со генералите на Путин и други претставници на одбраната во Москва.

Тој се жали повеќе од еден месец дека добил недоволна поддршка од Кремљ во исцрпувачката борба за Бахмут.

„Ова е едноставна математика“, вели тој во видеото. „Ако дадете нормална количина муниција, ќе има пет пати помалку [мртви]. Тие дојдоа овде како волонтери и умираат за да можете да седите како дебели мачки во вашите луксузни канцеларии“.