„Крвави отисоци од рацете“ за 30.000 фунти: Жртвите очајнички се бореле до последно


Се повеќе Виетнамци стравуваат дека нивните роднини се меѓу 39-те тела пронајдени во камион-ладилник откриен во поркаината Есекс, во Велика Британија.

„Мојот пат во странство не успеа. Мамо, те сакам. Умирам затоа што не можам да дишам“, напиша една од жртвите во порака до нејзината мајка.

Британската полиција најпрво соопшти дека верува оти се работи за Кинези, но, подоцна се покажа дека тоа било само претпоставка, пренесе АП.

Возачот на камионот е задржан во притвор под сомнениа дека сторил убиство. Британската полиција соопшти дека уапсиле четири лица под соменине дека стриле убиство и за трговија со луѓе.

Мигрантите кои умреле во ладилникот оставиле „крвави траги од раце“ на внатрешната страна на вратата и ѕидовите на контејнерот, откриено е синоќа. Тоа покажува дека жртвите до последен момен очајнички се бореле да се ослободат од камионот.

Извори тврдат дека мигрантите кои се најдени мртви биле „голи или со многу малку облека“. Се верува и дека жртвите удирале по вратата и барале помош, како и дека устите им биле полни пена, кога ги пронашле.

Првобитно беше објавено дека сите 39 жртви се Кинези, но сега се верува дека најмалку шест од низ се од Виетнам.

Во Виетнам, татко на 20-годишно момче стравува дека меѓу жртвите е и неговиот син, затоа што не се слушнал со него од минатата недела кога му рекол дека во Париз ќе се придружи ан една група која се обидува да влезе во Англија.

Семејството на една Виетнамка вели дека таа пратила порака во којапишувало дека се гуши и дека умира. Фам Тра Мај (26) пратила порака на својата мајка во вторникот по што повеќе не се слушнале.

Несреќните родители признале дека платиле 30.000 фунти за девојката да ја прокриумчарат во Британија.

Амбасадата на Виетнам во Лондон соопшти до петокот дека ја контактирале полицијата во врска со жената која исчезнала и за која стравуваат дека починала.

Би-би-си соопшти дека е во контакт со шест семејства од Виетнам кои стравуваат дека нивните роднини се меѓу жртвите, а со кои последно имале контакт минатата недела.

Кина соопшти дека засега не може да го потврди идентитетот и националноста на жртвите, а според шпекулациите кои се појавија на виетналмските портали, постои можност дека жртвите патувале со лажни кинески документи.