Крвав масакр во САД: Најмалку 22 лица убиени во пукање во сојузната држава Мејн, напаѓачот во бегство

Полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, има и меѓу 50 и 60 ранети


Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи на две локации вчеравечер, пренесоа американските медиуми.

На прес-конференцијата синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн изјави дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за Фокс њуз изјави дека дури 22 лица се загинати.

Ен-би-си Њуз, повикувајќи се и на полициски извори, јави дека има меѓу 50 и 60 ранети.

Полицијата во Лустон синоќа го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн, како лице интересно за безбедносна. Според полицијата, Кард е инструктор за стрелање, пренесува Фокс Њуз.

Надлежните соопштија дека се работи за лице кое се сомничи дека е „вооружено и опасно“.

Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа нешто што изгледа како полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот.

Канцеларијата на шерифот објави и слики од осомничениот, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки како држи пушка во позиција за пукање.

Кард, наводно, неодамна имал проблеми со менталното здравје, по што летово бил сместен во болница, дознава американската телевизија.

Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Двата објекта се оддалечени околу 6,5 километри.

Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава.

Од локалната болница соопштија дека во тек е интервенција поради „голем број жртви во масовен напад“ и дека не можат да дадат информации за бројот на жртвите.

Гувернерката на Мејн Џенет Милс на платформата Х напиша дека била известена за инцидентот и ги повика жителите да ги следат полициските упатства.